Сѐ повеќе млади завршуваат во болница поради коронавирус во Хрватска

пред 3 години

Во последниве денови, сѐ повеќе лекари во Хрватска предупредуваат дека расте процентот на млади луѓе меѓу пациентите со Ковид-19 на кои им е потребна хоспитализација.

Еден од нив е директорот на Клиничката болница Дубрава, Ивица Лукчиќ, кој за Н1 изјави дека видел промена во старосната структура и клиничката слика, односно дека има повеќе млади луѓе со потешка клиничка слика и дека нивната состојба се влошува релативно побрзо отколку порано.

Тој изрази уверување дека вакцинирањето најризичните групи, сепак, придонело за помала смртност што во моментов се бележи.

„Еден од најважните фактори е што британскиот вид се пренесува полесно. Добро е што имаме помала смртност на пациенти. Би рекол дека ја заштитивме најризичната популација. Ова е зголемување на бројот на заболени, но смртноста е помала“, додаде Лукшиќ.

Share
Scroll to Top