СЗО: Богатите земји треба итно да обезбедат 16 милијарди долари за борба против коронавирусот

пред 2 години

Светската здравствена организација ги повика богатите земји итно да обезбедат 16 милијарди долари за финансирање на планот за борба против пандемијата на коронавирус.

„Науката ни ги даде алатките за борба против пандемијата, ако ги поделиме глобално и солидарно, можеме да ја запреме пандемијата оваа година“, рече извршниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Богатите земји можат, рече тој, да им помогнат на земјите со низок и среден приход да ги надминат ниските стапки на вакцинација и проблемите со лошото тестирање и недостигот на лекови.

Механизмот на меѓународна соработка е воспоставен под покровителство на СЗО за развиените земји да немаат монопол врз лекувањето, тестовите и идните вакцини против коронавирусот.

За тој механизам (ACT-Accelerator) требаше да се одвојат 23,4 милијарди долари за периодот од октомври 2021 до септември 2022 година, но досега се собрани само 800 милиони долари.

Share
Scroll to Top