Талибанците забранија емитување на серии каде глумат жени

пред 2 години

Талибанските власти во Авганистан забранија емитување серии во кои глумат жени, додека пак жените новинарки и водителки ќе мора да носат шамија или било какво друго парче облека што ќе им ја покрива главата. Ова се дел од новите строги правила во таа земја.

Покрај другото новите правила вклучуваат забрана за филмови чија содржина се смета дека е против исламскиот закон и авганистанските вредности, како и забрана за комедии кои ја навредуваат религијата или се навредливи за Авганистанците, пишува Би-Би-Си.

„Телевизиите треба да избегнуваат прикажување фељтони и романтични серии со жени”, се вели во документот на Министерството до медиумите.

Членот на организацијата што ги застапува новинарите во Авганистан, Хуџатула Муџадеди, рече дека новите правила се неочекувани и дека некои од нив не се практични и доколку истите се спроведат некои радиодифузери ќе мора да престанат да работат.

Ова е првпат Министерството да се обиде да воведе правила за авганистанската телевизија откако Талибанците ја презедоа власта во средината на август.

Share
Scroll to Top