Тајланд: Полицијата употреби водени топови против демонстрантите

пред 4 години

Тајландската полиција денес употреби водени топови и напредна полициска опрема за да ги разбие демонстрантите кои се собраа втор ден по ред.

Владата ги забрани протестите, сепак, демонстрантите се собраа на улиците и покрај забраната, барајќи оставка од премиерот и промена на уставот.

Тие извикуваа „надвор, надвор“ и користеа чадори против спрејови со солзавец, објави „Ројтерс“.

Некои од демонстрантите фрлаа камења и разни предмети кон полицијата.

Share
Scroll to Top