Тајмс: Иранскиот ајатолах подготвил план за бегство во Москва доколку протестите излезат од контрола

Тајмс: Иранскиот ајатолах подготвил план за бегство во Москва доколку протестите излезат од контрола

пред 2 дена

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи има подготвен план за бегство од земјата во случај масовните протести да излезат од контрола и безбедносните сили да му ја откажат послушноста, објави британски „Тајмс“, повикувајќи се на разузнавачки извештај.

Според наводите, рутата за бегство од Техеран е веќе испланирана, а како најверојатна дестинација се споменува Москва. Планот би се активирал доколку ајатолахот процени дека армијата и безбедносните структури ја губат контролата или одбиваат да постапуваат по наредбите.

„Тајмс“ наведува дека планот е моделиран по бегството на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој во декември 2024 година ја напушти Сирија и замина во Русија.

Во текстот се посочува дека Хамнеи контролира значителна мрежа на имот и финансиски ресурси, што, според изворите, претставува гаранција за евентуално безбедно заминување.

Текстот Тајмс: Иранскиот ајатолах подготвил план за бегство во Москва доколку протестите излезат од контрола е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top