„Твитер“ го блокира Стив Банон поради изјава дека Фаучи и шефот на ФБИ треба да бидат обезглавени

пред 3 години

Стив Банон, поранешниот главен советник на Доналд Трамп, доби забрана за неограничено време на „Твитер“ откако во својот поткаст рече дека главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи и директорот на ФБИ Кристофер Вреј треба да ги обезглават и да ги стават на колци пред влезот на Белата куќа.

„Нивните глави би ги заденал на колец. Би ги ставил на два агли на Белата куќа како предупредување до сојузните бирократи – или ја прифаќате програмата или повеќе ве нема”, рече Банон.

Неговата портпаролка рече дека Банон не сугерирал Фаучи и Вреј навистина да се обезглават, но рече дека тоа метафорички се однесува на крвавата политика на Англија од времето на Тудор.

Таа додаде дека тој никогаш не повикувал на насилство од каков било вид.

На „Фејсбук“ му беа потребни десетина часа да ја отстрани содржината, „Јутјуб“ малку помалку, додека „Твитер“ реагираше релативно брзо со забрана за Банон.

Share
Scroll to Top