Терористички напад во Русија, повредени шестмина припадници на ФСБ

пред 3 години

Шестмина припадници на руската Федералната служба за безбедност (ФСБ) се здобиле со полесни повреди при апсењето на терористи во Карачаево-Черкесија.

Според првичните информации, терорист самоубиец активирал експлозив обидувајќи се да навлезе на територијата на оперативни активности во селото Учкекен во Карачаево-Черкесија. При тоа, шестмина припадници на ФСБ биле повредени.

Во нападот нема цивилни жртви, пренесува „Спутник“.

Националниот антитерористички комитет објави дека им се пружа медицинска помош на повредените. Истовремено се утврдува идентитетот на самоубиецот.

 

Share
Scroll to Top