Тинејџер (16) избоден до смрт во Велика Британија, уапсени четири лица

Тинејџер (16) избоден до смрт во Велика Британија, уапсени четири лица

пред 2 часа

Четири лица се уапсени откако 16-годишно момче починало од убодни рани во Питерборо, Велика Британија, пренесува Скај њуз.

Полицијата и итната помош биле повикани во населбата Рајзхолм, во близина на трговскиот центар Ортонгејт, нешто пред 19 часот. Момчето било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите.

Поради сомнение за убиство, приведени се 18-годишник и 15-годишно момче, како и две девојки на возраст од 17 и 16 години, осомничени дека му помагале на сторителот. Помладата девојка е осомничена и за поседување ладно оружје.

Полицијата соопшти дека сите осомничени се наоѓаат во притвор и нагласи дека не верува оти нападот бил случаен, поради што ќе има засилено полициско присуство во областа.

Текстот Тинејџер (16) избоден до смрт во Велика Британија, уапсени четири лица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top