Тинејџер (17) копал дупка на плажа во Италија кога песокот се урнал врз него и го убил

Тинејџер (17) копал дупка на плажа во Италија кога песокот се урнал врз него и го убил

пред 15 часа

На плажа пред кампот Калифорнија во италијанскиот град Монталто ди Кастро, се случила трагедија кога починало 17-годишно момче. Според достапните информации, момчето од Рим, заедно со своите помлади браќа, ископало дупка длабока околу метар и пол. Откако браќата се оддалечиле, тој останал сам во дупката. Во еден момент, песокот паднал врз него и го затрупал целосно, пишува „Кориере дела села“.

Во времето на несреќата, таткото бил под чадор, недалеку од децата. Кога забележал дека неговиот син го нема таму, почнал да го бара. Младите мажи покажале каде братот последен пат бил виден, а другите пливачи веднаш почнале да копаат во песокот. За жал, сè било залудно.

Според официјалните информации, полицијата и пожарникарите набрзо пристигнале на местото на несреќата, а бил повикан и хеликоптер за итно спасување. Лекарите можеле само да ја констатираат смртта на младиот човек. Не е познато дали имало спасувачи во времето на несреќата на таа плажа, која не е организирана и нема официјален надзор.

Карабињерите ја продолжуваат истрагата со цел да ги утврдат сите околности на овој трагичен настан.

Текстот Тинејџер (17) копал дупка на плажа во Италија кога песокот се урнал врз него и го убил е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top