Томашевиќ убедливо води во трката за градоначалник на Загреб

пред 3 години

Избирачките места во вториот круг од локалните избори во Хрватска се затворени, а резултатите од првите излезни анкети покажуваат дека Томислав Томашевиќ од левичарската платформа „Можеме“ убедливо води во трката за градоначалник на Загреб со 68,27 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат од Движење на татковината, Мирослав Шкоро има 31,73 проценти од гласовите.

Според резултатите од излезните анкети, спроведени за ХРТ и Нова ТВ од агенцијата Ипсос Пулс, Ивица Пуљак, кандидат на Центарот, доби 59,19 проценти, а Вице Михановиќ од ХДЗ 40,81 проценти од гласовите, пренесува Индекс.хр.

Актуелниот заменик-градоначалник Марко Филиповиќ (СДП, ХСУ, ИДС, ХШ) во Риека има 57,84 проценти од гласовите, а кандидатот на групата гласачи Давор Штимац 42,16 проценти, пренесе Хина.

Во Осијек, Иван Радиќ од ХДЗ има 63,14 проценти, а независниот кандидат Берислав Млинаревиќ, кој ја има поддршката на Движење на татковината и Мост, доби 36,86 проценти.

Share
Scroll to Top