Трамп: Блокадата кон Иран останува додека „трансакцијата“ не биде 100 проценти завршена

Трамп: Блокадата кон Иран останува додека „трансакцијата“ не биде 100 проценти завршена

пред 2 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп двапати се огласи на платформата Truth Social откако Иран објави дека Ормускиот теснец е отворен за целосна пловидба.

Тој порача дека американската поморска блокада поврзана со Иран ќе остане во сила сè додека преговорите не бидат целосно завршени.

„Иран штотуку објави дека нивниот теснец е целосно отворен и подготвен за целосен премин. Ви благодарам!“, напиша Трамп во првата објава.

Во втората објава наведе дека Ормускиот теснец е „целосно отворен и подготвен за работа и целосен премин“, но дека поморската блокада ќе остане „во полна сила и ефект“ кога станува збор за Иран.

Трамп изјави дека блокадата ќе остане во сила додека американската „трансакција“ со Иран не биде „100 проценти завршена“.

„Овој процес треба да оди многу брзо бидејќи поголемиот дел од точките веќе се договорени“, напиша тој.

Тој не појасни што точно подразбира под „трансакција“, но од формулацијата на објавата произлегува дека станува збор за поширок договор со Техеран.

Текстот Трамп: Блокадата кон Иран останува додека „трансакцијата“ не биде 100 проценти завршена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top