Трамп ги осуди нападите во Франција-ниту една земја веќе не може да ги толерира

пред 3 години

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази солидарност со Франција по нападите во Ница и предупреди на неприфатливи „терористички напади“.

„ Ние сме со Французите со целото срце. Америка е со нашиот најстар сојузник во борбата”, напиша тој на Твитер.

„ Овие терористички напади од страна на радикалните исламисти мора да престанат веднаш. Ниту една земја, било да е тоа Франција или која било друга, не може да ги толерира повеќе“ додаде Трамп.

Три лица беа убиени утрото со нож во напад во црква во Ница, на југоистокот на Франција.

Напаѓачот е 21-годишен Тунижанец, кој неодамна пристигнал од Лампедуза, според извори блиски до случајот и за време на нападот извикувал „Алаху Акбар“.

Share
Scroll to Top