Трамп го напушти Пекинг без големи договори кои би ги охрабриле пазарите

Трамп го напушти Пекинг без големи договори кои би ги охрабриле пазарите

пред 44 минути

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска ја напушти Кина фалејќи се со договори кои не ги импресионираа инвеститорите, додека Пекинг предупреди на погрешниот пристап кон Тајван и рече дека војната на САД против Иран никогаш не требало да започне.

Посетата на Трамп на главниот стратешки и економски ривал на Соединетите Американски Држави имаше за цел опипливи резултати што ќе ја зголемат неговата поддршка меѓу гласачите, која ослабе пред клучните среднорочни избори за Конгресот, објави „Ројтерс“.

„Посетата беше неверојатна“, му рече Трамп на Шји Џинпинг на нивниот последен состанок во комплексот Џонгнанхај во Пекинг.

Но, непосредно пред состанокот што се одржа денеска, Министерството за надворешни работи на Кина издаде соопштение во кое изразува фрустрација од војната меѓу САД и Израел против Иран.

„Овој конфликт, кој никогаш не требаше да се случи, нема причина да продолжи“, соопшти министерството, додавајќи дека Кина ги поддржува напорите за постигнување мировен договор во војната што значително ги наруши снабдувањето со енергија и светската економија.

Трамп во Џонгнанхај рече дека лидерите разговарале за Иран и дека се „многу слични“ во размислувањето, но Шји не коментираше за тоа.

Се очекуваше Трамп да ја повика Кина да го искористи своето влијание во Иран за да го натера Техеран да се согласи на договор. Но, аналитичарите се сомневаат дека Шји би бил спремен да изврши притисок врз Техеран или да ја прекине поддршката за својата војска, со оглед на тоа што Иран е важен за Пекинг како стратешка противтежа на САД.

 

фото/Depositphotos

Текстот Трамп го напушти Пекинг без големи договори кои би ги охрабриле пазарите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top