Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ напиша дека Иран е „тешко поразен“, тврдејќи дека Техеран попуштил под притисок на американските и израелските напади.
Трамп наведе дека Иран им се извинил на соседните земји на Блискиот Исток и ветил дека повеќе нема да ги напаѓа.
„Ова ветување е дадено само поради непрекинатите американски и израелски напади“, напиша Трамп.
Во објавата тој го нарече Иран поранешен насилник на Блискиот Исток, кој сега станал губитник на регионот, и предупреди дека се разгледуваат нови напади врз цели што досега не биле на листата.
Неговата изјава доаѓа откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека привременото раководство на Иран одлучило да ги прекине нападите врз соседните земји, освен ако тие не го нападнат Иран.
Текстот Трамп: Иран е жестоко поразен е превземен од МАКФАКС.






