Трамп и натаму тврди дека е победник, од него се оградуваат и републиканците

пред 4 години

Две недели откако eо Бајден се прогласи за победник на претседателските избори во САД, Доналд Трамп се соочува со се повеќе порази во обид да го поништи изборниот резултат и по две недели молк, првите републиканци почнуваат да се дистанцираат од Трамп.

Демократот Бајден се подготвува да ја преземе Белата куќа од Трамп на 20 јануари, додека сегашниот претседател сè уште одбива да го признае поразот и се обидува да ги поништи изборните резултати, тврдејќи, без докази, дека се работи за огромна изборна измама, пренесува Ројтерс.

Преку низа законски маневри, тој се обидува да го запре пребројувањето на гласовите и прогласувањето на Бајден за победник во одредени сојузни држави.

Кампањата на Трамп претрпе серија порази и се чини не успеа да ги убеди републиканските колеги во клучните држави, како што е Мичиген, каде ги загуби изборите, за неговите теории на заговор.

Двајца републикански политички лидери од Мичиген, Мајк Ширки и Ли Чатфилд, кои вчера беа поканети во Белата куќа, му нанесоа уште еден удар на Трамп откако рекоа дека на состанокот не слушнале никакви докази во прилог на обвинувањата дека во таа држава се случилжа масовна изборна кражба.

„ Сè уште не ни се дадени никакви информации што би го промениле исходот на изборите во Мичиген“.

Трамп вчера повтори дека победил на изборите.

По серијата порази во судските постапки кои се обидоа да ги променат изборните резултати, тимот на Трамп сега се потпира на надежта дека ќе ги убеди републиканците во клучните држави да ги поништат изборните резултати и да го прогласат за победник, пренесува Ројтерс.

Овие напори сега се насочени најмногу кон Мичиген и Пенсилванија, но пресметката покажува дека дури и тоа не би му донело доволно гласови на избирачите кои формално, врз основа на резултатите од претседателските избори, избираат претседател на изборниот колеџ.

Share
Scroll to Top