Трамп: Кси Џинпинг е свесен за последиците од можна инвазија на Тајван

Трамп: Кси Џинпинг е свесен за последиците од можна инвазија на Тајван

пред 22 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју емитувано на Си-би-ес тврди дека неговиот кинески колега Кси Џинпинг ги разбира последиците од можна кинеска инвазија на Тајван, одбивајќи да одговори дали САД ќе го бранат островот во случај на напад.

„Ќе знаете ако тоа се случи, а тој го разбира одговорот на тоа прашање“, одговори Трамп во врска со интервенцијата на САД во случај на потенцијален воен напад од страна на Пекинг врз Тајван, додавајќи дека кинескиот лидер ги разбира последиците од таквата интервенција.

Пекинг тврди дека има суверенитет над островот, додека Вашингтон останува најголем застапник на неговата независност.

Сепак, само неколку дена претходно, Доналд Трамп изјави дека Тајван „дури и не бил споменат“ за време на неговата средба со Кси Џинпинг во Јужна Кореја во четврток. „На таа тема не беше дискутирано“, додаде тој. Во интервју во петок, кое се емитуваше во неделата на емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес, тој рече дека не може да „ги открие своите тајни“, велејќи дека е „во контакт со другата страна“.

Американскиот претседател, исто така, рече дека Кси Џинпинг и неговата делегација „отворено изјавиле“ дека „нема да преземат никакви мерки додека Трамп е претседател, бидејќи се свесни за последиците“.

Независноста на Тајван останува камен на сопнување меѓу Кина и САД, прашање што двајцата претседатели се чини дека го избегнуваа за време на нивниот последен состанок, фокусирајќи се наместо тоа на ублажување на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.

фото: принтскрин

Текстот Трамп: Кси Џинпинг е свесен за последиците од можна инвазија на Тајван е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top