Трамп најави Триумфална капија со дронови и снајперисти: „Никаде во светот нема да има вакво нешто“

Трамп најави Триумфална капија со дронови и снајперисти: „Никаде во светот нема да има вакво нешто“

пред 3 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека одобрил измена на планот за изградба на монументалната Триумфална капија во Вашингтон, која, како што наведе, треба да биде претворена во воен комплекс.

Трамп изјави дека објектот, планиран во близина на Меморијалниот мост Арлингтон, ќе служи за сместување и складирање голем број дронови, како и за распоредување снајперисти на покривот и на просторот околу објектот.

„На силно барање на Војската на Соединетите Американски Држави и поради националната безбедност, се согласив величествената Триумфална капија, планирана уште од времето на Граѓанската војна пред многу години, на кружниот тек кој се граничи со Меморијалниот мост Арлингтон, да ја претворам во врвен воен комплекс/Триумфална капија за сместување, складирање и можност за брза употреба на голем број дронови, плус снајперисти, како на покривот така и на плоштадот“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој додаде дека во комплексот ќе се чуваат и поголеми количества муниција за снајперско оружје.

Трамп наведе дека „никаде во светот нема да постои објект како овој“ и додаде дека Вашингтон, меѓу 59 водечки светски градови и престолнини, е единствениот што нема триумфална капија.

Текстот Трамп најави Триумфална капија со дронови и снајперисти: „Никаде во светот нема да има вакво нешто“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top