Трамп не сака да ја запре војната и да склучи договор со Иран

Трамп не сака да ја запре војната и да склучи договор со Иран

пред 3 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во моментов не е подготвен да склучи договор за завршување на војната со Иран, пренесе ДПА.

„Иран сака да склучи договор, а јас не сакам да го склучам бидејќи условите сè уште не се доволно добри“, изјави Трамп за Ен-Би-Си Њуз (NBC News) во сношти објавената изјава.

Запрашан за условите што треба да се исполнат, тој одговори: „Не сакам да ви го кажам тоа“, пренесе германската агенција.

Трамп потврди дека во секој договор тој ќе бара од Иран да се откаже од сите нуклеарни амбиции.

Високи ирански претставници јавно не посочија дека се подготвени да преговараат за договор за завршување на конфликтот.

Текстот Трамп не сака да ја запре војната и да склучи договор со Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top