Трамп предупредува: Ирански бродови што ќе се приближат до блокадата ќе бидат „елиминирани“

Трамп предупредува: Ирански бродови што ќе се приближат до блокадата ќе бидат „елиминирани“

пред 2 часа

Доналд Трамп изјави дека иранската морнарица е „целосно уништена“ и предупреди дека сите бродови што ќе се приближат до американската блокада ќе бидат елиминирани.

Според него, останале само помали „брзи напаѓачки бродови“, но и тие ќе бидат уништени ако се приближат.

Блокадата на САД веќе е во сила и ја опфаќа целата иранска обала, како и поморскиот сообраќај во Оманскиот Залив и Арапското Море, пренесе Ројтерс.

Американската команда предупреди дека бродови без дозвола може да бидат пресретнати, пренасочени или запленети.

Тензиите дополнително растат околу Ормускиот теснец, важна рута за глобалната нафта.

Текстот Трамп предупредува: Ирански бродови што ќе се приближат до блокадата ќе бидат „елиминирани“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top