Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

пред 5 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела.

Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека тоа вклучува можни напади во самата земја.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, синоќа изјави дека Каракас е подготвен да премине од „политичка фаза“ во „фаза на вооружена борба“ во случај на напад од страна на САД, во услови на ескалација на тензиите меѓу двете земји, јави ДПА.

„Моментално сме во политичка фаза. Но, ако Венецуела биде нападната на кој било начин, ќе преминеме во фаза на вооружена борба“, рече Мадуро во коментарите емитувани на венецуелската државна телевизија.

Текстот Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top