Трамп: Сакам средба со Путин што е можно побргу

Трамп: Сакам средба со Путин што е можно побргу

пред 1 година

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека сака што побргу да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Зборувајќи за мировните преговори меѓу Русија и Украина, тој рече дека „е време, едноставно, да се направи тоа“.

„Ќе го завршиме тоа“, рече Трамп. Тој додаде дека сака средба со Путин „штом може да се организира“, објави Би-би-си.

Трамп вчера посочи дека има мали шанси за значителен напредок во мировните преговори сè додека тој и Путин не се сретнат лично.

Американскиот претседател денес го поминува последниот ден од својата турнеја на Блискиот Исток во Обединетите Арапски Емирати, каде што зборуваше на состанок на бизнис-заедницата, пренесува „Танјуг“.

Текстот Трамп: Сакам средба со Путин што е можно побргу е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top