Трамп тврди дека има голем број на нелегални гласови

пред 3 години

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп вели дека неговиот тим утврдил дека голем број луѓе гласале незаконски во Висконсин. Тој додаде дека случајот во тој поглед ќе биде покренат откако ќе заврши пребројувањето на гласовите.

Трамп на Твитер напиша и дека има докази кои потврдуваат дека бројот на освоени гласови во Пенсилванија е значително поголем од официјалните соопштенија и најави дека ќе поднесе тужба поради тоа.

Share
Scroll to Top