Трамп ја тргна тајноста од документите поврзани со Русија и имејлот на Клинтон

пред 3 години

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ги декласифицирал сите документи поврзани со федералните истраги за руското мешање во изборите во САД и употребата на приватниот сервер на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон за испраќање владина електронска пошта.

„Го одобрив целосното декласифицирање на сите документи коишто се однесуваат на најголемото политичко злосторство во американската историја, руската измама. Исто така, одобрив отстранување на тајната за скандалот со е-поштата на Хилари Клинтон. Без редигирање!“, напиша Трамп на Твитер.

Share
Scroll to Top