Три куршуми во плик адресиран до папата Франциско пронашла полицијата во Милано

пред 3 години

Миланската полиција Сан Донато пресретна плик со три куршуми упатени до папата Франциско, пренесуваат медиумите.
Пликот бил пресретнат во поштата во провинцијата Пешиера Боромео на територијата на Милано. Пратката пристигна од Франција со порака која се однесува на финансиските трансакции на Ватикан.

Во пликот имало три куршуми „Флоберт“, што е муниција за пиштол, калибар девет милиметри, пренесуваат агенциите во Италија.

„Адресата беше „Папа – Ватикан, Пјаца С. Пјетро“, рачно напишана нечитливо, без информации за испраќачот“, соопштиле полициските службеници.

Писмото го пронашле вработените во поштата додека ги подредувале пратките.

Пликот е запленет за да се утврдат деталите и е започната истрага по што ќе бидат познати повеќе информации.

Share
Scroll to Top