Тројца мажи уапсени во Белгија, планирале терористички напад во автобус

Тројца мажи уапсени во Белгија, планирале терористички напад во автобус

пред 4 месеци

Белгиската полиција денеска уапси тројца мажи во автобус од Лил за Брисел, откако еден од патниците пријавил дека слушнал неколку луѓе во автобусот како зборуваат за планирање напад, објави белгиската новинска агенција ВРТ.

Бергер, портпарол на федералната полиција, рече дека тие „веднаш сериозно го сфатиле повикот“ и дека „случајот се истражува“, но одби да даде повеќе детали за осомничените. Останатите патници еден по еден ги ваделе од автобусот и ги проверувале, како и багажот и автобусот.

Брисел е во состојба на висока готовност по нападот во октомври во кој маж уби двајца шведски фудбалски навивачи во близина на центарот на градот, што високи белгиски политичари го осудија како „брутален терористички напад“. Ден по нападот, осомничениот бил застрелан од бриселската полиција.

Неколку дена подоцна, белгиската федерална влада објави нови мерки за зајакнување на безбедносниот апарат на земјата и обезбедување брз и координиран одговор на потенцијалните закани.

Текстот Тројца мажи уапсени во Белгија, планирале терористички напад во автобус е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top