Лавров: Односите меѓу Русија и ЕУ забрзано се влошуваат

пред 4 години

Односите помеѓу Русија и ЕУ забрзано се влошуваат, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на прес конференција во Москва.

Прашан за можните санкции од ЕУ врз Москва, поради труењето на рускиот опозиционер, Лавров рече дека ЕУ во случајот со Навални се однесува и како судија и како порота.

Рускиот министер рекол дека ЕУ не споделила клучни информации со Москва, кои би и` помогнале на Русија во спроведувањето на истрагата. Тој напомена дека Германија ги крши своите меѓународни обврски поради пропуст да ги сподели овие информации.

Москва упорно негира вмешаност во труењето на Алексеј Навални, кој пак го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека стои зад неговото труење, а Кремељ ги негира таквите тврдења.

Share
Scroll to Top