Се урна хеликоптер на мировните сили во Египет, седуммина загинати

пред 3 години

Најмалку седум лица загинаа при пад на хеликоптер на меѓународните мировни сили на Синајскиот Полуостров во Египет, соопштија израелски и египетски претставници.

Петмина Американци се меѓу загинатите, изјави неименуван израелски официјален претставник.

Египетски службеник, кој исто така побара да остане анонимен, изјави дека се чини дека причината за несреќата е техничка неисправност.

Станува збор за хеликоптер кој припаѓа на Мултинационалните сили и набљудувачи (МФО), кој го следи мировниот договор меѓу Израел и Египет, пренесува АП.

Канцеларијата на МФО во Израел потврди дека дошло до хеликоптерска несреќа, но се воздржала од понатамошни коментари до истрагата, додава „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top