Трудо по победата најави подобри денови за Канада

пред 3 години

Во своето прво обраќање по се уште неофицијалната победа на изборите, премиерот Џастин Трудо им се заблагодари на Канаѓаните што гласаа за неговата партија и најави подобри денови за земјата.

„ Им дадовте јасни упатства на оваа влада и на овој парламент“, рече Трудо во говорот на француски и англиски јазик од хотелската сала во Монтреал, пренесува Би-Би-Си.

Тој ги спомена најважните прашања од кампањата на неговата партија – борбата против климатските промени, евтиното домување и грижата за децата, со ветување дека ќе продолжат да работат на нив.

Трудо, исто така, им се заблагодари на своите политички противници што биле дел од овој, како што рече, важен момент.

На крајот од своето обраќање, канадскиот премиер ги повика сите да се свртат кон иднината и да продолжат да работат заедно за се што ја чека новата влада.

Лидерот на главната опозициска Конзервативна партија во Канада, Ерин О’Тул, денеска го призна поразот на парламентарните избори и во разговор со своите поддржувачи потврди дека го повикал Трудо да му честита.

Share
Scroll to Top