Турски товарен брод погоден во ракетен напад врз Одеса

Турски товарен брод погоден во ракетен напад врз Одеса

пред 8 часа

Турски товарен брод беше оштетен денес во ракетен напад во пристаништето Одеса, објави компанијата „Ченк Денизчилик“, објавија турските медиуми.

Според извештаите, во случајот нема повредени, а по нападот, на бродот избувнал пожар.

Брод што превезувал камиони од турскиот град Карасу до Одеса бил погоден во пристаништето Чорноморск кратко по пристанувањето.

Противпожарни екипи, како и екипажот на бродот, учествуваат во гаснењето на пожарот, според написите.

Фото: депозитфотос

Текстот Турски товарен брод погоден во ракетен напад врз Одеса е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top