Турција: ЕУ да дејствува како чесен посредник

пред 3 години

Турското Министерство за надворешни работи ја повика Европската Унија да дејствува како чесен посредник во спорот што Турција го има со Грција и Кипар околу истражувањето на резервите на гас на истокот на Средоземното море, откако ЕУ поради тоа ги прошири санкциите против Анкара.

Во соопштението се наведува дека Анкара го отфрла пристрасниот и незаконски став на членките на Унијата, што ја потврдува нивната солидарност со Грција и Кипар.

Наводната злоупотреба на солидарноста и правото на вето меѓу двете земји ги претвори врските на ЕУ и Турција во маѓепсан круг, соопшти Министерството.

„Ситуацијата им штети на заедничките интереси на Турција и ЕУ, како и на мирот, безбедноста и стабилноста на нашиот регион. ЕУ треба да ја преземе улогата на чесен медијатор, таа мора да дејствува на принципиелен, стратешки и разумен начин“, се наведува во соопштението на Министерството.

Лидерите на ЕУ порано денес одлучија да ги продолжат санкциите кон Турција, инаку кандидат за членство, поради еднострани потези и провокации во источниот Медитеран.

Share
Scroll to Top