Турција замрзна имот на 770 лица и на американска фондација за поврзаност со Фетулах Ѓулен

пред 2 години

Турција го замрзна имотот на вкупно 770 лица и американска фондација под обвинение за тероризам, според одлуката објавена во Службениот весник.

Имотот на Фондацијата „Нијагара“ со седиште во Чикаго е замрзнат поради врските со американско-турскиот имам Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвинува за обид за државен удар во 2016 година.

Имотот на повеќе од 400 луѓе е замрзнат поради поврзаноста со Ѓулен, наведува весникот, пренесува „Ројтерс“.

Овој чекор е преземен врз основа на делата опфатени со членовите под наслов „криминалното финансирање тероризам“ и „актите на забрана за давање или собирање средства“.

Имотот на повеќе од 200 лица обвинети за врски со забранетата Курдистанска работничка партија и милитантната група Исламска држава, исто така, се замрзнати, се вели во одлуката.

Share
Scroll to Top