Турција извезe 70 милиони цвеќиња за Денот на вљубените во 22 земји во светот

пред 3 години

Турските производители на цвеќе извезоа 70 милиони цвеќиња во 22 земји – вклучувајќи ги Холандија, Велика Британија, Германија и Романија – во пресрет на 14 февруари – Денот на вљубените.

„И покрај пандемијата, испративме 70 милиони цвеќиња во 22 земји во вредност од приближно седум милиони долари“, рече претседателот на Турската асоцијација на извозници на украсни растенија и производи, Исмаил Јилмаз, пишува агенцијата „Анадолија“.

Јилмаз истакна дека Турција годинава бележи значителен пораст на извозот на цвеќе, бидејќи минатата година за Денот на вљубените извезла 60 милиони цвеќиња во вредност од шест милиони долари.

Најголемиот турски пазар на цвеќиња е Холандија, потоа Велика Британија, Германија, Романија и Украина.

Share
Scroll to Top