Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека одлуката за прогласување примирје од Киев е симболична, бидејќи станува збор за град кој претрпел бројни бомбардирања.
„Одлуката за безусловно примирје беше донесена тука во Киев, што има посебна тежина со оглед на сè низ што помина овој град“, рече Туск.
Тој нагласи дека сега ќе се чека рускиот одговор. „Доколку Москва го отфрли овој предлог, ќе биде јасно кој е навистина посветен на мирот, а кој не“, додаде тој.
На прашањето на новинар колку брзо таканаречените „коалиции на добронамерните“ во земјата би можеле да воведат нови санкции доколку Русија го отфрли примирјето, Туск одговори дека постојните мерки веќе даваат резултати.
„Доколку немаше санкции, ситуацијата денес ќе беше многу полоша. Русија нетрпеливо чека нивно укинување – и тоа ви кажува сè“, рече тој.
Текстот Туск: Чекаме да видиме како ќе реагира Русија е превземен од МАКФАКС.