Униформирани полицајци денеска ја уапсија Љубов Собол, блискак соработничка на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, напиша нејзиниот адвокат на „Твитер“.
Адвокатот Владимир Воронин додаде дека не е јасно каде е однесена Собол, пренесува „Ројтерс“.
Нејзиното апсење се случи пред протестите планирани низ Русија, во знак на поддршка на Навални, затворениот строг критичар на официјалниот Кремљ.
Приврзаниците на Навални планираат да протестираат против влошувањето на неговото здравје во затворот, потврдија повеќе светски агенции, исто така, наведувајќи дека полицијата ги апси соработниците и приврзаниците на Навални.
Vladimir Putin is to deliver a state of the nation addres as Russia deals with a crisis in ties with the West and faces calls for mass protests in support of jailed Kremlin critic Alexei Navalny pic.twitter.com/o1DMohxDzF
— AFP News Agency (@AFP) April 21, 2021
Во исто време, беше објавено дека рускиот претседател се очекува да и се обрати на нацијата, среде затегнати односи меѓу Русија и ЕУ, токму поради случајот со Навални, кој е во затвор од февруари и сега неговото здравје е сериозно нарушено.
Навални штрајкува со глад и е префрлен во затворската болница.