Момчето кое изврши упад на имотот во замокот Виндзор, каде кралицата Елизабета Втора го поминува Божиќ, е приведен во согласност со Законот за ментално здравје, соопшти денеска лондонската полиција.
Британските таблоиди синоќа објавија дека мажот кој бил уапсен на имотот на Виндзор на Божиќ, имал самострел со себе.
Кралицата Елизабета го поминува Божиќ во Виндзор, бидејќи одлучи да не престојува во Сандрингам, кралски имот во источна Англија, како што вообичаено правеше претходните години за празниците.
Ова е петти упад на непознати лица на имотот на кралицата во Виндзор оваа година, пишува „Дејли мејл“.