Уапсен возачот на автомобилот кој влета во толпа и усмрти едно лице во Берлин

пред 2 години

Автомобилот кој денеска влета во толпа во западен Берлин усмртил едно лице, а најмалку 30 се повредени, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на германски медиуми и портпаролот на противпожарната бригада.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што се наведува, повеќе информации во моментот не се достапни.

Според тековните информации, возачот на возилото е уапсен.

„Се верува дека приведениот влетал во група луѓе. Засега не се знае дали се работи за несреќен случај или дали осомничениот имал намера да го изврши ова дело“, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот е приведен на местото на настанот, пренесува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top