Убиени шест ирански нуклеарни научници во израелскиот напад

Убиени шест ирански нуклеарни научници во израелскиот напад

пред 1 година

Иранските државни медиуми објавија дека шест нуклеарни научници се убиени во израелските напади.

Меѓу нив се Ферејдун Абаси, нуклеарен научник и поранешен раководител на Организацијата за атомска енергија на Иран, и д-р Мохамед Мехди Техранчи, теоретски физичар поврзан со нуклеарната програма на Иран, потврди новинската агенција Мехр.

Во нападите загинаа и Хусеин Салами, командант на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), и генерал Голам Али Рашид, командант на Генералштабот на Хатам-ал Анбија.

Текстот Убиени шест ирански нуклеарни научници во израелскиот напад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top