Убиени шест милитанти и еден индиски војник во Кашмир

пред 2 години

Индиските безбедносни сили убиле шест милитанти и изгубиле еден војник во серија операции во Кашмир, изјави денеска началникот на полицијата во долината Кашмир, Виџај Кумар.

„Шест милитанти, вклучително и двајца пакистански државјани, беа убиени во два одвоени инциденти со безбедносните сили во градовите Ананаг и Кулгам во Кашмир“, рече Кумар, цитиран од Ројтерс.

Индија долго време го обвинува Пакистан дека поттикнува бунт од 1990-тите во Кашмир, хималајски регион на кој и двата нуклеарно вооружени соседи имаат целосна претензиа, но контролираат само делови од него, потсетува Ројтерс.

Share
Scroll to Top