Ужас на автопатот кај Лесковац: Камион се преврте и се запали – возачот изгоре во кабината

Ужас на автопатот кај Лесковац: Камион се преврте и се запали – возачот изгоре во кабината

пред 3 часа

Возач на камион го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска на автопатот кај селото Печењевце, во близина на Лесковац, објави српски „Телеграф“.

Службите за итна помош добиле драматична пријава во 2:00 часот по полноќ. При пристигнувањето на местото на настанот, противпожарните и спасувачките екипи затекнале застрашувачка глетка: камион превртен на страна, зафатен од силен пожар.

По брзата интервенција и напорите да се стави пожарот под контрола, пожарникарите го пронашле безживотното тело на возачот додека ја пребарувале изгорената кабина.

Увидот на лице место ќе ги утврди сите околности и причини за оваа трагедија.

Текстот Ужас на автопатот кај Лесковац: Камион се преврте и се запали – возачот изгоре во кабината е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top