Украина бара Турција да биде гарант за евентуален договор со Русија

пред 3 години

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побарал од Турција да биде еден од гарантите за можниот договор со Русија, изјавил неговиот колега Мевлут Чавушоглу по посетата на западна Украина, пренесуваат медиумите.

„Украина поднесе предлог за колективен безбедносен договор: П5 (пет постојани членки на Советот за безбедност) плус Турција и Германија“, додаде Чавушоглу.

„Во моите вчерашни контакти во Москва, видов дека Руската Федерација нема забелешки и дека може да прифати таков предлог“, рече министерот, кој во средата во Москва се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Чавушоглу на новинарите по двете дипломатски средби им изјавил дека надежите за примирје пораснале.

Дополнително, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, кому му го повторил неговиот предлог да биде домаќин на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара или Истанбул.

Ердоган ја истакнал и потребата од отворање на хуманитарни коридори за да може цивилите да бидат евакуирани од зоната на конфликтот, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Share
Scroll to Top