Украинската армија ќе одржи воени вежби од 10 до 20 февруари како одговор на руските вежби во Белорусија во близина на украинската северна граница, изјави министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников.
Тој за еден локален ТВ канал изјави дека украинските војници постојано одржуваат различни вежби и дека на 10 февруари ќе почнат да вежбаат употреба на беспилотни летала „Бајрактар“ и противтенковски ракети „Јавелин“, како и со NLAW (нова генерација на лесни анти – тенковско оружје) обезбедени од странски партнери, пренесува Ројтерс.
Резников нагласи дека Украина добила оружје „за кое претходно можела само да сонува“, пренесува руската агенција ТАСС.
„Имав многу добар и пријатен разговор со британскиот министер за одбрана Бен Валас. Разговаравме за натамошна помош, како во форма на оружје, така и во форма на одредени комуникации.
„Држиме се под контрола“, изјави украинскиот министер за одбрана.