Украина доби 500.000 вакцини на „Астразенека“, предност имаат медицинските работници и војниците

пред 3 години

Украина денес ја доби првата серија од 500.000 дози вакцина на „Астразенека“, што и овозможува да започне со вакцинирање на граѓаните, почнувајќи од медицински работници и војниците.

Една од најсиромашните европски земји, Украина заостанува во обезбедувањето вакцини за своите 41 милион жители, одбивајќи да ја купи вакцината „спутник В“ од Русија, објави „Ројтерс“.

„Ќе започнеме со вакцинирање што е можно поскоро. Ние мора заедно да се бориме против ковид”, напиша претседателот Владимир Зеленски на „Твитер“.

Министерот за здравство, Максим Степанов, напиша на Фејсбук дека во тек е итно царинење на товарот и дека вакцината веднаш ќе замине во регионите.

Во Украина се регистрирани повеќе од 1,3 милион случаи на коронавирус и 25.309 починати од почетокот на пандемијата.

Share
Scroll to Top