Телата на цивилите во регионот на Киев продолжуваат да се откриваат по заминувањето на руските сили, а досега се пронајдени најмалку 400, соопштија украинските власти, повикувајќи се на прелиминарни информации.
Напорите да се пронајдат локални жители се отежнати од мини, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирскиj.
„Разговарав со спасувачите. Тие направија патеки до некои куќи“, рече тој.
„Во другите градови патиштата се минирани. Спасувачите велат дека сега се движат чекор по чекор и не го кажуваат бројот на загинати цивили. Оваа бројка очигледно ќе биде стотици. Многу локални жители се водат како исчезнати. Се утврдува колкумина Русите киднапирале или ги мачеле“, вели тој.
Цитирајќи локации како Буча, Ирпин и Хостомел, советникот на Министерството за внатрешни работи, Вадим Денисенко, рече дека околу 400 цивили се пронајдени мртви во регионот на Киев, но доаде дека тие бројки се прелиминарни и ќе бидат ажурирани.