Украинскиот амбасадор во Хаг: Русија не е тука затоа што сака војна

пред 2 години

Амбасадорот на Украина во Холандија денеска изјави дека Русија не се појавила пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг бидејќи сака да води војна против неговата земја.

„За тоа говори и фактот дека местата што Русија требаше да ги заземе се празни“, вели Антон Корињевиќ, член на украинската делегација во судот, пренесуваат регионалните медиуми.

„Тие не се тука пред овој суд, тие се на бојното поле, водат агресивна војна против мојата земја“, додаде тој.

„Така Русија ги решава своите разлики“, продолжи тој.

Русија денеска одби да се појави на отворањето на сослушувањето во Меѓународниот суд на правдата (МСП) за случајот инициран од Украина, која бара од Врховниот суд на ОН да и наложи на Москва да ја запре инвазијата на Украина.

„Судот жали што Руската Федерација не се појави на ова рочиште“, рече Џоан Доногју, судија претседавач на Меѓународниот суд на правдата.

Александар Шулгин, рускиот амбасадор во Холандија, каде што заседава судот, рече дека руската влада нема намера да учествува во постапката, рече таа.

Киев пред повеќе од една недела поднесе барање за привремени заштитни мерки до овој суд, кој заседава во Хаг, неколку дена по почетокот на руската офанзива во Украина.

Украина бара итна акција од највисокиот суд на ОН за да и наложи на Русија да ја запре инвазијата на Украина, пред да одлучи за основаноста на случајот, кој може да потрае со години.

Судот има одговорност да дејствува, рече Антон Корињевиќ.

„Русија треба да биде запрена, а судот има улога да ја запре“, рече тој.

Share
Scroll to Top