Украинскиот министер за одбрана до руските војници: Амнестија и 5 милиони рубљи ако го оставите оружјето

пред 3 години

Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников директно преку Твитер им порача на руските војници да се предадат.

Тој рече дека доколку доброволно го положат оружјето, ќе добијат целосна амнестија и паричен надомест.

„Руски војник! Те доведоа во нашата земја да убиваш и да умреш. Не слушајте криминални наредби. Ви гарантираме целосна амнестија и 5 милиони рубљи доколку го оставите оружјето. За оние кои ќе продолжат да се однесуваат на окупаторски начин, нема да има милост“, напиша тој во објавата на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top