Украинскиот министер за средбата со Бајден: Американско оружје и украинската издржливост – ова е рецептот за успех

пред 3 години

По средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Варшава, украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба рече дека американската страна ветила дополнителна помош во оружје и опрема.

„Денеска добивме нови ветувања од САД за иднината на нашата одбранбена соработка“, изјави Кулеба за новинарите во Варшава. „Ниту една друга земја не и пружила толкава помош на Украина како Америка“, додаде тој.

„Отпорноста на Украина и западното оружје, главно американското оружје – ова е рецептот за успех на бојното поле“, рече Кулеба.

$bp(“Brid_48305794”, {“id”:”26456″,”width”:”647″,”height”:”364″,”video”:”980662″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Share
Scroll to Top