Украински обвинител: Во руските напади загинаа 90 деца, а над 100 се повредени

пред 3 години

Деведесет деца се убиени, а повеќе од стотина се ранети во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопштија од канцеларијата на главниот украински обвинител, а пренесуваат „Скај њуз“ и Би-би-си.

И „Ројтерс“ ја пренесе оваа информација, но со напомена дека истата не е потврдена од независен извор.

ОН потврдија дека се убиени најмалку 1.663 цивили, но додадоа дека бројот веројатно е многу поголем.

Властите во Мариупол претходно објавија дека има околу 2.500 мртви.

Најголем број жртви има во Киев, Харков, Донецк, Чернигов, Суми, Херсон, Миколајив и регионот Житомир.

Share
Scroll to Top