Битката за главниот град на Украина, Киев, би можел да биде новиот руски Сталинград, изјави украинскиот пратеник за Би-Би-Си.
Свјатослав Јурас, најмладиот украински пратеник и поранешен советник на претседателот Зеленски, помага во доброволна одбрана во Киев.
Тој рече дека главниот град во текот на ноќта се соочил со „бараја“ од ракети, а борбите се водат на периферијата на градот.
Тој предупреди дека Русија треба да се подготви за големи загуби доколку го нападне градот.
– Тоа е огромен милионски град и ако Русите се обидат да влезат, ќе имаат голема борба – ова ќе биде нивниот Сталинград – рече тој, алудирајќи на најкрвавата битка во Втората светска војна во која 1,1 милион советски војници и 800.000 нацистички војници беа убиени.
„Никој нема да се предаде, тоа дефинитивно можам да го гарантирам“, рече тој.
Тој додаде дека ја координирал испораката на резервите, вклучително и вреќи со песок, како и дека разговарал со различни воени единици за ефикасно да ја водат претстојната битка.