Украинците Иван и Кристина избегаа од Мариупол: Тоа е град на смртта

пред 3 години

Брачен пар од Мариупол во интервју за Sky News опиша, како што велат, болно бегство од градот.

Мариупол е град под тешки напади, а во средата ракетиран беше и театар во чиј подрум се засолниле илјадници луѓе.

Иван и Кристина се во брак 12 години. Имаат десетгодишен син. Тие велат дека се среќни што успеале да го напуштат Мариупол претходно оваа недела.

Тие побегнаа во Днипро. Иван, кој работел како возач, рече дека семејството првично се криело во подрумот под училиштето додека гранатирало.

Сепак, пишува Скај, семејството донело тешка одлука да го напушти остатокот од семејството и пријателите откако нивниот двор бил погоден од проектил.

Share
Scroll to Top