Украински официјални лица тврдат дека нивната војска го убила четвртиот руски генерал. Тоа е знак, велат тие, дека руската армија е принудена да испраќа генерали на линијата на фронтот за да спроведуваат операции.
Антон Герашченко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, на „Телеграм“ посочи дека украинските сили го убиле рускиот генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградието на југоисточниот град Мариупол.
Би-би-си пишува дека не успеале да ја потврдат оваа информација, а од Москва засега нема податоци.
Герашченко напиша дека Митјаев бил командант на 150-та моторизирана дивизија и објави фотографија од, како што рече, мртвиот офицер.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, јави за смртта на уште еден руски генерал за време на неговото ноќно обраќање од Киев, но не го именуваше.
Се верува дека Русија има околу 20 генерали во Украина кои ја предводат инвазијата.